измори

Глагол, свршен

Значење на измори:

Направи некој да стане, да биде премален, умори; исцрпи нечија сила до состојба на замор. Стопанот ги измори аргатите со прекумерните барања. Господарот го измори коњот. Долгите дискусии ги изморија присутните.

Коњугација: изморат.

Изведени зборови:

  • изморување, глаг. им. ср.
  • се ~ измори, Стане уморен. Учениците се изморија, решавајќи цел ден задачи по физика.
  • (се) изморува, глаг. несв. (се) изморуваат

Оригинални податоци:

измори, изморат св. Направи некој да стане, да биде премален, умори; исцрпи нечија сила до состојба на замор. Стопанот ги измори аргатите со прекумерните барања. Господарот го измори коњот. Долгите дискусии ги изморија присутните. ● се ~ Стане уморен. Учениците се изморија, решавајќи цел ден задачи по физика. ‖ (се) изморува, (се) изморуваат несв. ‖ глаг. им. изморување ср.