изнафати
Значење на изнафати:
Фати нешто во голем број. Изнафати риби за вечера.Коњугација: изнафатат.
Изведени зборови:
- изнафаќа, глаг. несв. изнафаќаат
- се ~ изнафати, 1. Се фати, падне во стапица во голем број. Во мрежата се изнафатиле многу ракови. 2. Се наталожи, се појави во голема количина. Слана се изнафатила по тревата. По ќошињата се изнафатиле пајажини.
Оригинални податоци:
изнафати, изнафатат св. Фати нешто во голем број. Изнафати риби за вечера. ● се ~ 1. Се фати, падне во стапица во голем број. Во мрежата се изнафатиле многу ракови. 2. Се наталожи, се појави во голема количина. Слана се изнафатила по тревата. По ќошињата се изнафатиле пајажини. ‖ изнафаќа, изнафаќаат несв.