изнапише
Значење на изнапише:
1. Напише многу. На писмената работа изнапишав дури три страни.
2. Напише многу без некоја смисла, без некој ред, сè и сешто. Изнапишал тој во писмото многу работи.
Коњугација: изнапишаа , изнапишав , изнапишал , изнапишан , изнапишат , изнапишете , изнапиши , (ќе) изнапишеа , (ќе) изнапишев , (ќе) изнапишел.
Оригинални податоци:
изнапише, изнапишат; изнапиши, изнапишете; изнапишав, изнапишаа; изнапишал; изнапишан; (ќе) изнапишев, (ќе) изнапишеа; (ќе) изнапишел св. 1. Напише многу. На писмената работа изнапишав дури три страни. 2. Напише многу без некоја смисла, без некој ред, сè и сешто. Изнапишал тој во писмото многу работи.