изнесе
Значење на изнесе:
1. Носејќи извади нешто надвор или од некаде. Таа ја изнесе софрата под тремот.
2. Донесе, принесе храна пред некого. Домаќинката изнесе ракија и салата пред гостите.
3. Прави помен за покоен. Во неделата изнесовме година за дедо ми.
4. (прен.) Изложи, искаже, каже. На Собирот изнесовме некои нови сознанија за овој наш великан. Во уводот на книгата авторот ги изнесува и задачите што стојат пред општинските комисии. Во тужбата ќе ги изнесам доказите со кои располагам.
5. Се покаже во определен износ (за цена, сметка, долг и сл.). Целата сума на крајот изнесе не повеќе од 3000 денари.
Коњугација: изнел и изнесол , изнесат , изнесен, изнесете , изнеси , изнесле , изнесоа , изнесов , (ќе) изнесеа , (ќе) изнесев , (ќе) изнесел .
Изведени зборови:
- изнесува, глаг. несв. изнесуваат
- изнесување , глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
изнесе, изнесат; изнеси, изнесете; изнесов, изнесоа; изнел и изнесол, изнесле; (ќе) изнесев, (ќе) изнесеа; (ќе) изнесел; изнесен св. 1. Носејќи извади нешто надвор или од некаде. Таа ја изнесе софрата под тремот. 2. Донесе, принесе храна пред некого. Домаќинката изнесе ракија и салата пред гостите. 3. Прави помен за покоен. Во неделата изнесовме година за дедо ми. 4. (прен.) Изложи, искаже, каже. На Собирот изнесовме некои нови сознанија за овој наш великан. Во уводот на книгата авторот ги изнесува и задачите што стојат пред општинските комисии. Во тужбата ќе ги изнесам доказите со кои располагам. 5. Се покаже во определен износ (за цена, сметка, долг и сл.). Целата сума на крајот изнесе не повеќе од 3000 денари. ‖ изнесува, изнесуваат несв. ‖ глаг. им изнесување ср.