изневери

Глагол, свршен

Значење на изневери:

1. а) Прекрши, погази даден збор, обврска, не исполни тоа што се очекува. Тој ги изневери своите другари кои многу очекуваа од него. б) Прекрши, погази верност во односите меѓу мажот и жената. Тој со години ја изневерувал жената.

2. а) Не оправда доверба, надеж, очекување и сл. И оваа влада ги изневери нашите очекувања. Девојката ја изневери неговата доверба. б) Престане да служи, откаже. Ме изневери видот. Ако не ме изневереше колата, ќе стигнев навреме.

Коњугација: изневерат.

Изведени зборови:

  • изневерува, глаг. несв. изневеруваат
  • изневерување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

изневери, изневерат св. 1. а) Прекрши, погази даден збор, обврска, не исполни тоа што се очекува. Тој ги изневери своите другари кои многу очекуваа од него. б) Прекрши, погази верност во односите меѓу мажот и жената. Тој со години ја изневерувал жената. 2. а) Не оправда доверба, надеж, очекување и сл. И оваа влада ги изневери нашите очекувања. Девојката ја изневери неговата доверба. б) Престане да служи, откаже. Ме изневери видот. Ако не ме изневереше колата, ќе стигнев навреме. ‖ изневерува, изневеруваат несв. ‖ глаг. им. изневерување ср.