изобличи

Глагол, свршен

Значење на изобличи:

Смени облик на нешто, направи да биде без вообичаениот облик, нагрди, изопачи. Старицата го изобличи ликот од бес.

Коњугација: изобличат.

Изведени зборови:

  • изобличување, глаг. им. ср.
  • се ~ изобличи, Се искриви, се нагрди, го изгуби својот облик. Се изобличи во лицето.
  • (се) изобличува, глаг. несв. (се) изобличуваат

Оригинални податоци:

изобличи, изобличат св. Смени облик на нешто, направи да биде без вообичаениот облик, нагрди, изопачи. Старицата го изобличи ликот од бес. ● се ~ Се искриви, се нагрди, го изгуби својот облик. Се изобличи во лицето. ‖ (се) изобличува, (се) изобличуваат несв. ‖ глаг. им. изобличување ср.