изолација

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на изолација:

1. а) Одвојување од околината, спречување на секаков контакт со определена средина; осамување. Последните години од својот живот тој ги помина во целосна изолација од надворешниот свет. б) Спречување, забрана на секаков контакт со општествената средина поради лишување од слобода. Тој беше осуден на изолација на островите. в) Одвојување на болните од здравите без можност за контакт (во случај од заразни болести и сл., епидемија). Доби решение за изолација.

2. а) Заштита од дејство на електрична струја со помош на изолатор; вградување изолациски материјал за да се спречи загуба на енергија, дејство на влага и на други надворешни влијанија. Електрична изолација. Топлотна изолација. Звучна изолација. б) Предмети или материјали што служат за изолирање, спречување продор на нешто во некоја средина. Изолацијата на замрзнувачот попуштила.

Оригинални податоци:

изолација (само едн.) ж. 1. а) Одвојување од околината, спречување на секаков контакт со определена средина; осамување. Последните години од својот живот тој ги помина во целосна изолација од надворешниот свет. б) Спречување, забрана на секаков контакт со општествената средина поради лишување од слобода. Тој беше осуден на изолација на островите. в) Одвојување на болните од здравите без можност за контакт (во случај од заразни болести и сл., епидемија). Доби решение за изолација. 2. а) Заштита од дејство на електрична струја со помош на изолатор; вградување изолациски материјал за да се спречи загуба на енергија, дејство на влага и на други надворешни влијанија. Електрична изолација. Топлотна изолација. Звучна изолација. б) Предмети или материјали што служат за изолирање, спречување продор на нешто во некоја средина. Изолацијата на замрзнувачот попуштила.