изолира
Значење на изолира:
1. а) Оддели, одделува некого од дадена средина, спречувајќи ги неговите контакти, врски, односи со неа. Новодојдените ги изолираа од другото население. б) За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест). Сите заразени од жолтица лекарите ги изолираа од другите болни во една посебна барака.
2. а) Обложи, обложува со изолациски материјал. Електричарот не ги изолирал добро жиците во лустерот и затоа дојде до краток спој. б) Врши функција на изолирање. Пластиката многу добро изолира.
Коњугација: изолираат , изолирајќи.
Изведени зборови:
- изолирање, глаг. им. ср.
- се ~ изолира, Се оддели од општествена средина, влијание. Тој се изолира од своето друштво и од луѓето воопшто.
Оригинални податоци:
изолира, изолираат; изолирајќи св. и несв. 1. а) Оддели, одделува некого од дадена средина, спречувајќи ги неговите контакти, врски, односи со неа. Новодојдените ги изолираа од другото население. б) За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест). Сите заразени од жолтица лекарите ги изолираа од другите болни во една посебна барака. 2. а) Обложи, обложува со изолациски материјал. Електричарот не ги изолирал добро жиците во лустерот и затоа дојде до краток спој. б) Врши функција на изолирање. Пластиката многу добро изолира. ● се ~ Се оддели од општествена средина, влијание. Тој се изолира од своето друштво и од луѓето воопшто. ‖ глаг. им. изолирање ср.