изостане
Значење на изостане:
1. Не дојде каде што треба да дојде, не присуствува на нешто, негде. Изостана од часови поради болест.
2. Остане некаде (за повеќемина). Некои изостанаа по патот, не можеа да продолжат.
Коњугација: изостанаа , изостанав , изостанал , изостанат , изостанат , изостанете , изостани , (ќе) изостанат , (ќе) изостане , (ќе) изостанел.
Изведени зборови:
- изостанува, глаг. несв. изостануваат
- изостанување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
изостане, изостанат; изостани, изостанете; изостанав, изостанаа; изостанал; изостанат; (ќе) изостане, (ќе) изостанат; (ќе) изостанел св. 1. Не дојде каде што треба да дојде, не присуствува на нешто, негде. Изостана од часови поради болест. 2. Остане некаде (за повеќемина). Некои изостанаа по патот, не можеа да продолжат. ‖ изостанува, изостануваат несв. ‖ глаг. им. изостанување ср.