изработи

Глагол, свршен

Значење на изработи:

1. Направи, произведе. Овие чевли ги изработи најдобриот мајстор.

2. Состави, направи, напише, нацрта конкретен предмет: состав, дело, слика и сл. Посебна група изработи елаборат за наводнувањето на нашето поле. Владата изработи план за стабилизација. Уметникот изработи неколку слики од старата чаршија.

Коњугација: изработат.

Изведени зборови:

  • изработување, глаг. им. ср.
  • се ~ изработи, Се исцрпи, се истроши со работа. Мајка ми се беше изработила до крајни граници.
  • (се) изработува, глаг. несв. (се) изработуваат

Оригинални податоци:

изработи, изработат св. 1. Направи, произведе. Овие чевли ги изработи најдобриот мајстор. 2. Состави, направи, напише, нацрта конкретен предмет: состав, дело, слика и сл. Посебна група изработи елаборат за наводнувањето на нашето поле. Владата изработи план за стабилизација. Уметникот изработи неколку слики од старата чаршија. ● се ~ Се исцрпи, се истроши со работа. Мајка ми се беше изработила до крајни граници. ‖ (се) изработува, (се) изработуваат несв. ‖ глаг. им. изработување ср.