изработка

Именка, женски род

Значење на изработка:

1. (само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување. Изработка на домашни ракотворби. Изработка на машка и женска конфекција.

2. Квалитет на изработување на одреден производ. Изгледа како рачна изработка. Совршена изработка. Квалитетна изработка.

3. Одделен производ, резултат од изработување на нешто. Железарски изработки. На пазарите во Европа се пласираа нашите кожарски изработки. Тоа е моја лична изработка.

Множина: изработки.

Оригинални податоци:

изработка, мн. изработки ж. 1. (само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување. Изработка на домашни ракотворби. Изработка на машка и женска конфекција. 2. Квалитет на изработување на одреден производ. Изгледа како рачна изработка. Совршена изработка. Квалитетна изработка. 3. Одделен производ, резултат од изработување на нешто. Железарски изработки. На пазарите во Европа се пласираа нашите кожарски изработки. Тоа е моја лична изработка.