израмни

Глагол, свршен

Значење на израмни:

1. Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто; рамни. Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи. Градежното претпријатие со булдожер го израмни теренот.

2. Доведе, натокми во иста висина. а) Едно нешто со друго нешто. Соседот ја израмни живата ограда со столбовите на надворешната врата и ја одржуваше постојано на таа висина. б) Доведе на иста линија две или повеќе (мноштво) нешта. Тркачите ги израмнија коњите на стартот и го чекаа сигналот.

3. Изедначи, направи да биде еднакво во некое својство ‒ димензија, вредност, количество и сл. а) Селанецот ја израмни тежината на компирите во вреќата со тежината на насечените дрва и така го товари магарето: од едната страна вреќа со компири, од другата дрва за огрев. Прекупецот ја израмни цената на компирите со таа на јаболката. б) (спорт.) Пред крајот на играта со „Железничар“ нашиот тим го израмни резултатот.

4. Регулира: а) Парични обврски ‒ подмири. Тој го израмни дефицитот пред доаѓањето на комисијата со една поголема меница. б) Доведе во склад, во соодветен однос. Кога стигнаа на плоштадот сите ученици на дувачкиот оркестар ги израмнија чекорите.

Коњугација: израмнат.

Изведени зборови:

  • израмнување, глаг. им. ср.
  • се ~ израмни, 1. Стане рамен, без нерамнини, стане прав. Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија. 2. Се доведе, се натокми во иста рамнина (во ред и сл.) а) Едно нешто со друго нешто. Јас се израмнив со првите во поворката и го држев потоа нивниот чекор. Пред мостот камионите се израмнија со тенковите. б) Предмет, почва и сл. Од големите води патиштата се израмнија со нивјето. в) Две или повеќе нешта, едно со друго. Двете колони/нашата и нивната колона се израмнија (една со друга). 3. Стане еднаков, се изедначи во некое својство, димензија и сл. а) Едно лице со друго. Поголемиот син се израмни во висината и во дебелината со татака си. б) Повеќе нешта. Синот и таткото се израмнија во висината и дебелината. Во правото на глас жените и мажите се израмнија.
  • (се) израмнува, глаг. несв. (се) израмнуваат

Оригинални податоци:

израмни, израмнат св. 1. Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто; сп. рамни. Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи. Градежното претпријатие со булдожер го израмни теренот. 2. Доведе, натокми во иста висина. а) Едно нешто со друго нешто. Соседот ја израмни живата ограда со столбовите на надворешната врата и ја одржуваше постојано на таа висина. б) Доведе на иста линија две или повеќе (мноштво) нешта. Тркачите ги израмнија коњите на стартот и го чекаа сигналот. 3. Изедначи, направи да биде еднакво во некое својство ‒ димензија, вредност, количество и сл. а) Селанецот ја израмни тежината на компирите во вреќата со тежината на насечените дрва и така го товари магарето: од едната страна вреќа со компири, од другата дрва за огрев. Прекупецот ја израмни цената на компирите со таа на јаболката. б) (спорт.) Пред крајот на играта со „Железничар“ нашиот тим го израмни резултатот. 4. Регулира: а) Парични обврски ‒ подмири. Тој го израмни дефицитот пред доаѓањето на комисијата со една поголема меница. б) Доведе во склад, во соодветен однос. Кога стигнаа на плоштадот сите ученици на дувачкиот оркестар ги израмнија чекорите. ● се ~ 1. Стане рамен, без нерамнини, стане прав. Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија. 2. Се доведе, се натокми во иста рамнина (во ред и сл.) а) Едно нешто со друго нешто. Јас се израмнив со првите во поворката и го држев потоа нивниот чекор. Пред мостот камионите се израмнија со тенковите. б) Предмет, почва и сл. Од големите води патиштата се израмнија со нивјето. в) Две или повеќе нешта, едно со друго. Двете колони/нашата и нивната колона се израмнија (една со друга). 3. Стане еднаков, се изедначи во некое својство, димензија и сл. а) Едно лице со друго. Поголемиот син се израмни во висината и во дебелината со татака си. б) Повеќе нешта. Синот и таткото се израмнија во висината и дебелината. Во правото на глас жените и мажите се израмнија. ‖ (се) израмнува, (се) израмнуваат несв. ‖ глаг. им. израмнување ср.