израсне

Глагол, свршен

Значење на израсне:

1. Никнувајќи на некаква почва (основа), се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст. а) За растение. На патеката израснала трева. б) За друго што расте. На детето му израснаа првите заби.

2. Се развие во определен или во целиот свој раст. Нашите деца израснаа, а ние остаревме. Канадските тополи во паркот израснаа многу брзо.

3. Одгледа до израснување. Останата без маж, мајката сама ги израсна децата.

4. Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина. Ги израсна алиштата.

5. (прен.) Се развие, се изгради, се издигне. Израсна во прекален борец. На местото на трошната куќичка израсна убава голема куќа. Фестивалот на изворен фолклор израсна во најмасовна и најзначајна манифестација што го презентира македонскиот изворен фолклор.

Коњугација: израснаа , израснав , израснал , израснат , израснат (ќе) израснев , израснете , израсни , (ќе) израснеа , (ќе) израснел.

Изведени зборови:

  • израснува, глаг. несв. израснуваат
  • израснување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

израсне, израснат; израсни, израснете; израснав, израснаа; израснал; израснат (ќе) израснев, (ќе) израснеа; (ќе) израснел св. 1. Никнувајќи на некаква почва (основа), се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст. а) За растение. На патеката израснала трева. б) За друго што расте. На детето му израснаа првите заби. 2. Се развие во определен или во целиот свој раст. Нашите деца израснаа, а ние остаревме. Канадските тополи во паркот израснаа многу брзо. 3. Одгледа до израснување. Останата без маж, мајката сама ги израсна децата. 4. Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина. Ги израсна алиштата. 5. (прен.) Се развие, се изгради, се издигне. Израсна во прекален борец. На местото на трошната куќичка израсна убава голема куќа. Фестивалот на изворен фолклор израсна во најмасовна и најзначајна манифестација што го презентира македонскиот изворен фолклор. ‖ израснува, израснуваат несв. ‖ глаг. им. израснување ср.