израз

Именка, машки род

Значење на израз:

1. Надворешен изглед на нешто (на очи, лице и сл.), изразување на чувства. Имаше чуден израз на лицето. Израз на страв.

2. Надворешна манифестација на некој процес, состојба, дејство; начин на изразување на нешто. Штрајкот е израз на незадоволството на работниците од управата.

3. Стил на искажување во уметноста, литературата и сл. Концизен израз. Лирски израз.

4. (лингв.) Состав од зборови со кои нешто се искажува. Фразеолошки израз. Прилошки израз за место.

5. (мат.) Формула, равенство. Алгебарски израз.

Множина: изрази.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дојде до израз ‒ се изрази целосно, до крај. Израз на благодарност/почитување ‒ при учтиво обраќање, како израз на благодарност, почитување и сл.

Оригинални податоци:

израз, мн. изрази м. 1. Надворешен изглед на нешто (на очи, лице и сл.), изразување на чувства. Имаше чуден израз на лицето. Израз на страв. 2. Надворешна манифестација на некој процес, состојба, дејство; начин на изразување на нешто. Штрајкот е израз на незадоволството на работниците од управата. 3. Стил на искажување во уметноста, литературата и сл. Концизен израз. Лирски израз. 4. (лингв.) Состав од зборови со кои нешто се искажува. Фразеолошки израз. Прилошки израз за место. 5. (мат.) Формула, равенство. Алгебарски израз. ◊ Дојде до израз ‒ се изрази целосно, до крај. Израз на благодарност/почитување ‒ при учтиво обраќање, како израз на благодарност, почитување и сл.