изрази

Глагол, свршен

Значење на изрази:

1. а) Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл. Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата. б) Искаже цел, намера, желба. Тој изрази желба да го посети нашиот град. Директорот на фабриката изрази готовност да го финансира нашиот проект.

2. Претстави, прикаже на друг начин став, мислење, чувство и сл. Уметникот во (со) слики ја изразил болката во својата душа.

3. (мат., физ., хем. и сл.) Пренесе резултат во вид на формули, равенства и сл. Разликите во личниот доход на вработените во таа организација сметководителот ги изрази во (со) апсолутен износ. Хемиските процеси што се вршат при обработката на бакарната руда ги изразуваме со следната равенка...

Коњугација: изразат.

Изведени зборови:

  • изразување, глаг. им. ср.
  • се ~ изрази, 1. Се искаже, изнесе мислење (усно или писмено). Претседателот многу пофално се изрази за нивната работа. Некој ќе се изрази подобро кога ќе го напише отколку кога ќе го каже усно она што го мисли. 2. Дојде до израз, се покаже, се појави. Настојувањата на нашиот народ се изразија во самиот процес на националното ослободување.
  • (се) изразува, глаг. несв. (се) изразуваат

Оригинални податоци:

изрази, изразат св. 1. а) Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл. Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата. б) Искаже цел, намера, желба. Тој изрази желба да го посети нашиот град. Директорот на фабриката изрази готовност да го финансира нашиот проект. 2. Претстави, прикаже на друг начин став, мислење, чувство и сл. Уметникот во (со) слики ја изразил болката во својата душа. 3. (мат., физ., хем. и сл.) Пренесе резултат во вид на формули, равенства и сл. Разликите во личниот доход на вработените во таа организација сметководителот ги изрази во (со) апсолутен износ. Хемиските процеси што се вршат при обработката на бакарната руда ги изразуваме со следната равенка... ● се ~ 1. Се искаже, изнесе мислење (усно или писмено). Претседателот многу пофално се изрази за нивната работа. Некој ќе се изрази подобро кога ќе го напише отколку кога ќе го каже усно она што го мисли. 2. Дојде до израз, се покаже, се појави. Настојувањата на нашиот народ се изразија во самиот процес на националното ослободување. ‖ (се) изразува, (се) изразуваат несв. ‖ глаг. им. изразување ср.