изреди
Значење на изреди:
Направи нешто едноподруго: а) Посети, оди од едно до друго место едно подруго. Во недела стариот ги изреди сите комшии и роднини. б) Каже, наброи нешто едноподруго. Ученикот ги изреди имињата на сите планети од Сончевиот систем. в) Почести, понуди со ред, едноподруго. Невестата ги изреди сите гости со по една ракија.Коњугација: изредат.
Изведени зборови:
- изредување, глаг. им. ср.
- се ~ изреди, 1. Доаѓа по ред, едноподруго. Кај нас за празникот се изреди речиси цело село. 2. Се прави нешто во група, еден по друг. По ручекот гостите се изредија на стомната со вино.
- (се) изредува, глаг. несв. (се) изредува
Оригинални податоци:
изреди, изредат св. Направи нешто едноподруго: а) Посети, оди од едно до друго место едно подруго. Во недела стариот ги изреди сите комшии и роднини. б) Каже, наброи нешто едноподруго. Ученикот ги изреди имињата на сите планети од Сончевиот систем. в) Почести, понуди со ред, едноподруго. Невестата ги изреди сите гости со по една ракија. ● се ~ 1. Доаѓа по ред, едноподруго. Кај нас за празникот се изреди речиси цело село. 2. Се прави нешто во група, еден по друг. По ручекот гостите се изредија на стомната со вино. ‖ (се) изредува, (се) изредува несв. ‖ глаг. им. изредување ср.