изрка

Глагол, свршен

Значење на изрка:

1. Гласно прочисти грло (од слуз, крв и сл.) и плукне. Болниот изрка засирена крв.

2. Издаде рапав глас при спиење.

Коњугација: изркаат.

Изведени зборови:

  • се ~ изрка, Кон зн. 1. Се прочисти од непожелна слуз од дишните патишта или од носот. Непознатиот се изрка и плукна.

Оригинални податоци:

изрка, изркаат св. 1. Гласно прочисти грло (од слуз, крв и сл.) и плукне. Болниот изрка засирена крв. 2. Издаде рапав глас при спиење. ● се ~ Кон зн. 1. Се прочисти од непожелна слуз од дишните патишта или од носот. Непознатиот се изрка и плукна.