изроди

Глагол, свршен

Значење на изроди:

Роди, народи деца во голем број. Таа изроди едно чудо деца. Во бракот со него, тие изродија неколку деца, но сите им умреа.

Коњугација: изродат.

Изведени зборови:

  • се ~ изроди, 1. Заврши со раѓање. 2. Стане полош, физички и морално од своите предци, се излоши; се дегенерира. Тој се изроди во предавник на својот род. Синовите ѝ се изродија во шпиони. 3. (прен., пејор.) Настане, се појави некоја лоша појава. Од тој настан се изродија кажувањата за сеништето.
  • (се) изродува, глаг. несв. (се) изродуваат

Оригинални податоци:

изроди, изродат св. Роди, народи деца во голем број. Таа изроди едно чудо деца. Во бракот со него, тие изродија неколку деца, но сите им умреа. ● се ~ 1. Заврши со раѓање. 2. Стане полош, физички и морално од своите предци, се излоши; се дегенерира. Тој се изроди во предавник на својот род. Синовите ѝ се изродија во шпиони. 3. (прен., пејор.) Настане, се појави некоја лоша појава. Од тој настан се изродија кажувањата за сеништето. ‖ (се) изродува, (се) изродуваат несв.