извади
Значење на извади:
1. а) Направи нешто да излезе од некоја внатрешност, од некое место, надвор или нагоре, издвои од некоја средина; вади Тој извади слика од палтото. Тие не ги извадија пушките од сандакот надвор. б) Изнесе нешто пред некого; понуди нешто. Кристалниот сервис го извадивме на маса за роденденот на татко ми. Извадија матеница и сирење. в) Сосила извлече, искорне. Тој го извади забот што го болеше. Сестрата ми го извади трнот од прстот со игла. Чиракот со теслата ја извади шајката од штицата.
2. а) Произведе со вадење од некаде. Ние извадивме песок од реката. Извадија три враови. Ја извади првата фурна. б) Произведе со сечење, режење и сл. Од трупецот извади само 4 штици. в) Извлече како состојка, екстракт, издвои. Производителите ја извадија маста од млекото.
3. а) Добие, заработи, стекне материјална добивка. Годинава извади 100 јагниња. Го извади ручекот носејќи цигли за мајсторите. б) Поврати материјални средства како резултат на вложување, надополни. Од таа работа и трошокот не го извадивме.
4. Исчисти, отстрани од некаде или од нешто. Дамките ги извадивме со специјално средство.
5. Извлече од тешка материјална или друга состојба. Тој го извади од сиромаштијата. Го извади од затвор. Тој ја извади жената од работа. Го извади од калта.
6. Направи, состави нешто врз основа на некој извор. Извади цитати од книгата. Извади заклучок.
7. а) Набави официјален документ. Извади лична карта. б) Набави пропусница, билет и сл. Извади билет за в театар.
8. (разг.) Прогласи некого за луд, неспособен и сл. Го извадија луд и така не отиде во затвор, туку во болница. Го извадија неспособен за војска.
9. (мат.) а) Поголем број намали со вадење на помал, изврши операција вадење, одземање. б) Пресмета корен, т.е. за кој број некоја величина претставува определен степен, изврши операција коренување. Извади корен од бројот 2.
Коњугација: извадат , изваден, извадете , извади , извадив , извадија , извадил , (ќе) извадеа , (ќе) извадев , (ќе) извадел .
Изведени зборови:
- се ~ извади, Се извлече од тешка положба, се спаси, вешто се изговори. Се извади да не оди на пат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Извади душа ‒ 1. Убие, одземе живот. 2. Премори, измалтретира. Извади од памет (ум) некого ‒ направи некој да стане како луд, преплаши, излуде. Му го извади зборот од уста ‒ рече пред некој друг да каже. Извади очи некому ‒ жестоко нападне некого. Извади песна за некого или за нешто ‒ испее песна за некого или за некој настан. Извади име/прекар ‒ измисли, даде име или прекар. Не може да го извади од уста ‒ постојано зборува за некого или за нешто. Не може да извади од ум некого или нешто ‒ постојано мисли на некого или на нешто. Очи нека си извадат ‒ што сакаат нека прават. Му го извади низ нос ‒ направи да му здодее нечија услуга. Извади од кожа некого ‒ многу изнервира некого.
Оригинални податоци:
извади, извадат; извади, извадете; извадив, извадија; извадил; (ќе) извадев, (ќе) извадеа; (ќе) извадел; изваден св. 1. а) Направи нешто да излезе од некоја внатрешност, од некое место, надвор или нагоре, издвои од некоја средина; сп. вади 1. Тој извади слика од палтото. Тие не ги извадија пушките од сандакот надвор. б) Изнесе нешто пред некого; понуди нешто. Кристалниот сервис го извадивме на маса за роденденот на татко ми. Извадија матеница и сирење. в) Сосила извлече, искорне. Тој го извади забот што го болеше. Сестрата ми го извади трнот од прстот со игла. Чиракот со теслата ја извади шајката од штицата. 2. а) Произведе со вадење од некаде. Ние извадивме песок од реката. Извадија три враови. Ја извади првата фурна. б) Произведе со сечење, режење и сл. Од трупецот извади само 4 штици. в) Извлече како состојка, екстракт, издвои. Производителите ја извадија маста од млекото. 3. а) Добие, заработи, стекне материјална добивка. Годинава извади 100 јагниња. Го извади ручекот носејќи цигли за мајсторите. б) Поврати материјални средства како резултат на вложување, надополни. Од таа работа и трошокот не го извадивме. 4. Исчисти, отстрани од некаде или од нешто. Дамките ги извадивме со специјално средство. 5. Извлече од тешка материјална или друга состојба. Тој го извади од сиромаштијата. Го извади од затвор. Тој ја извади жената од работа. Го извади од калта. 6. Направи, состави нешто врз основа на некој извор. Извади цитати од книгата. Извади заклучок. 7. а) Набави официјален документ. Извади лична карта. б) Набави пропусница, билет и сл. Извади билет за в театар. 8. (разг.) Прогласи некого за луд, неспособен и сл. Го извадија луд и така не отиде во затвор, туку во болница. Го извадија неспособен за војска. 9. (мат.) а) Поголем број намали со вадење на помал, изврши операција вадење, одземање. б) Пресмета корен, т.е. за кој број некоја величина претставува определен степен, изврши операција коренување. Извади корен од бројот 2. ● се ~ Се извлече од тешка положба, се спаси, вешто се изговори. Се извади да не оди на пат. ◊ Извади душа ‒ 1. Убие, одземе живот. 2. Премори, измалтретира. Извади од памет (ум) некого ‒ направи некој да стане како луд, преплаши, излуде. Му го извади зборот од уста ‒ рече пред некој друг да каже. Извади очи некому ‒ жестоко нападне некого. Извади песна за некого или за нешто ‒ испее песна за некого или за некој настан. Извади име/прекар ‒ измисли, даде име или прекар. Не може да го извади од уста ‒ постојано зборува за некого или за нешто. Не може да извади од ум некого или нешто ‒ постојано мисли на некого или на нешто. Очи нека си извадат ‒ што сакаат нека прават. Му го извади низ нос ‒ направи да му здодее нечија услуга. Извади од кожа некого ‒ многу изнервира некого.