изведе 1
Значење на изведе:
1. Водејќи, придружувајќи изнесе надвор од некоја просторија. Двајца војници го изведоа врзан затвореникот од затворот. Стопанот ги изведе маските од арот на гумното. Деверот ја изведе невестата во дворот пред свекорот и свекрвата.
2. а) Изврши, направи некоја работа. Градежните работи ги изведе претпријатието „Бетон“. Испитот ќе го изведе новиот професор. б) Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна итн.). Театарот за деца и младинци неодамна ја изведе својата најнова премиера. Филхармонијата на вчерашниот концерт го изведе Чајковски беспрекорно.
3. (прен.) Донесе заклучок. На крајот од состанокот изведовме заклучок за нашата работа во иднина.
4. (лингв.) Образува збор од основа на друг збор (на пр. лови ‒ ловец).
5. Во природните науки ‒ величина, формула, опит и сл. Учениците сами го изведоа опитот што им го зададе наставничката. Учениците ги изведоа формулите потребни за решавање на задачата.
Коњугација: изведат , изведен, изведете , изведи , изведоа , изведов , извел , (ќе) изведеа , (ќе) изведев , (ќе) изведел .
Изведени зборови:
- изведува, глаг. несв. изведуваат
- изведување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го изведе на пат ‒ го оспособи за живот.
Оригинални податоци:
изведе1, изведат; изведи, изведете; изведов, изведоа; извел; (ќе) изведев, (ќе) изведеа; (ќе) изведел; изведен св. 1. Водејќи, придружувајќи изнесе надвор од некоја просторија. Двајца војници го изведоа врзан затвореникот од затворот. Стопанот ги изведе маските од арот на гумното. Деверот ја изведе невестата во дворот пред свекорот и свекрвата. 2. а) Изврши, направи некоја работа. Градежните работи ги изведе претпријатието „Бетон“. Испитот ќе го изведе новиот професор. б) Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна итн.). Театарот за деца и младинци неодамна ја изведе својата најнова премиера. Филхармонијата на вчерашниот концерт го изведе Чајковски беспрекорно. 3. (прен.) Донесе заклучок. На крајот од состанокот изведовме заклучок за нашата работа во иднина. 4. (лингв.) Образува збор од основа на друг збор (на пр. лови ‒ ловец). 5. Во природните науки ‒ величина, формула, опит и сл. Учениците сами го изведоа опитот што им го зададе наставничката. Учениците ги изведоа формулите потребни за решавање на задачата. ◊ Го изведе на пат ‒ го оспособи за живот. ‖ изведува, изведуваат несв. ‖ глаг. им. изведување ср.