извести
Значење на извести:
Јави вест некому, соопшти, поднесе извештај за некаков настан. Тој извести за постигнатата спогодба. Агенциите известија за последните настани на Блискиот Исток.Коњугација: известат.
Изведени зборови:
- известува, глаг. несв. известуваат
- известување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
извести, известат св. Јави вест некому, соопшти, поднесе извештај за некаков настан. Тој извести за постигнатата спогодба. Агенциите известија за последните настани на Блискиот Исток. ‖ известува, известуваат несв. ‖ глаг. им. известување ср.