изветви

Глагол, свршен

Спореди: ветви.

Значење на изветви:

За ткаенина, облека и сл. ‒ Стане старо, износено, ветво; ветвее. Завесите за едно лето изветвеа од силното сонце. Од секојдневната употреба црниот фустан изветви.

Коњугација: изветват.

Изведени зборови:

  • изветвува, глаг. несв. изветвуваат

Оригинални податоци:

изветви, изветват св. За ткаенина, облека и сл. ‒ Стане старо, износено, ветво; сп. ветви, ветвее. Завесите за едно лето изветвеа од силното сонце. Од секојдневната употреба црниот фустан изветви. ‖ изветвува, изветвуваат несв.