извиди 1

Глагол, свршен

Значење на извиди:

1. Проследи како се одвива нешто. Извиди ја работата па кажи што да правиме.

2. Со набљудување, проверување, посматрање собере податоци за движење, опременост, бројност обично на непријателска војска. Пратија извидница да извиди колку војска има во долината.

Коњугација: извидат.

Изведени зборови:

  • извидува, глаг. извидуваат
  • извидување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

извиди1, извидат св. 1. Проследи како се одвива нешто. Извиди ја работата па кажи што да правиме. 2. Со набљудување, проверување, посматрање собере податоци за движење, опременост, бројност обично на непријателска војска. Пратија извидница да извиди колку војска има во долината. ‖ извидува, извидуваат ‖ глаг. им. извидување ср.