извиди 2

Глагол, свршен

Значење на извиди:

1. Види многу луѓе, многу нешта, види сè, се види со сите. Ги извиде сите роднини во Австралија. Извиде сè што можеше да се види.

2. Доживее нешто тешко, непријатно. Извидовме многу мака. Што извидов таа година тешко е да се опише.

Коњугација: извидат.

Изведени зборови:

  • се ~ извиди, Се види со сите. На средбата се извидовме со сите другарки од генерацијата.

Оригинални податоци:

извиди2, извидат св. 1. Види многу луѓе, многу нешта, види сè, се види со сите. Ги извиде сите роднини во Австралија. Извиде сè што можеше да се види. 2. Доживее нешто тешко, непријатно. Извидовме многу мака. Што извидов таа година тешко е да се опише. ● се ~ Се види со сите. На средбата се извидовме со сите другарки од генерацијата.