извик
Значење на извик:
1. Глас, збор со кој се изразува некое чувство, обично ненадејно изненадување, силна возбуда за да се сврти нечие внимание и сл. Бурните извици како бранови се траскаа од околните згради. Грлени извици се слушаа од сите страни ‒ урааа!
2. Збор со кој се повикува, се дава наредба и сл. Се слушна плачен извик со кој го повикува: Тааткоооо! Надвор се чу тап извик ‒ „стој“!
3. (лингв.) Вид неменливи зборови со кои се изразуваат различни чувства или расположенија, се привлекува внимание или звучно се претставуваат, се имитираат разни звуци.
Множина: извици.
Оригинални податоци:
извик, мн. извици м. 1. Глас, збор со кој се изразува некое чувство, обично ненадејно изненадување, силна возбуда за да се сврти нечие внимание и сл. Бурните извици како бранови се траскаа од околните згради. Грлени извици се слушаа од сите страни ‒ урааа! 2. Збор со кој се повикува, се дава наредба и сл. Се слушна плачен извик со кој го повикува: Тааткоооо! Надвор се чу тап извик ‒ „стој“! 3. (лингв.) Вид неменливи зборови со кои се изразуваат различни чувства или расположенија, се привлекува внимание или звучно се претставуваат, се имитираат разни звуци.