извини
Значење на извини:
1. Прости некому, не земе за зло нечија постапка. Другарите ќе ми извинат што задоцнив на средбата.
2. Ослободи од одговорност, оправда. Претседателот го извини него пред управата поради отсуството на состанокот.
Коњугација: извинат.
Изведени зборови:
- извинување, глаг. им. ср.
- се ~ извини, Се оправда, побара прошка за себе. Домаќинот се извини за чекањето.
- (се) извинува, глаг. несв. (се) извинуваат
Оригинални податоци:
извини, извинат св. 1. Прости некому, не земе за зло нечија постапка. Другарите ќе ми извинат што задоцнив на средбата. 2. Ослободи од одговорност, оправда. Претседателот го извини него пред управата поради отсуството на состанокот. ● се ~ Се оправда, побара прошка за себе. Домаќинот се извини за чекањето. ‖ (се) извинува, (се) извинуваат несв. ‖ глаг. им. извинување ср.