извира
Значење на извира:
1. Излегува на површината на земјата, за течност, обично вода или воден тек. Под карпата извираше вода. Црни Дрим извира кај манастирот „Свети Наум“.
2. (прен.) Надоаѓа во голем број, многу. Од срцето ми извираа безброј песни. Смеата извира од мене.
Коњугација: извираат.
Изведени зборови:
- извирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
извира, извираат несв. 1. Излегува на површината на земјата, за течност, обично вода или воден тек. Под карпата извираше вода. Црни Дрим извира кај манастирот „Свети Наум“. 2. (прен.) Надоаѓа во голем број, многу. Од срцето ми извираа безброј песни. Смеата извира од мене. ‖ глаг. им. извирање ср.