извиши

Глагол, свршен

Значење на извиши:

1. Израсте во височина; виши Брезите извишија многу брзо.

2. Се крене, се издигне високо над површината на земјата; виши 2. Гулабите извишија над покривите на куќите.

3. Прави да се крене, да се издигне високо над површината на земјата; виши 4. Орелот го извиши јагнето над карпите и го пушти. Мојот сосед ги извиши гулабите.

Коњугација: извишат.

Изведени зборови:

  • извишување, глаг. им. ср.
  • се ~ извиши, 1. Стане висок, порасне; сп. се виши 1. Момчињата се извишија наеднаш, заличија на мажи. По дождот житата се извишија. 2. Се крене, се издигне високо; сп. 2. Авионот се извиши над облаците. 3. Се издига високо, повисоко од околината; сп. се виши 3. Тврдината се извишила над езерото. Сонцето се извишило одвај еден остен.
  • (се) извишува, глаг. несв. (се) извишуваат

Оригинални податоци:

извиши, извишат св. 1. Израсте во височина; сп. виши 1. Брезите извишија многу брзо. 2. Се крене, се издигне високо над површината на земјата; сп. виши 2. Гулабите извишија над покривите на куќите. 3. Прави да се крене, да се издигне високо над површината на земјата; сп. виши 4. Орелот го извиши јагнето над карпите и го пушти. Мојот сосед ги извиши гулабите. ● се ~ 1. Стане висок, порасне; сп. се виши 1. Момчињата се извишија наеднаш, заличија на мажи. По дождот житата се извишија. 2. Се крене, се издигне високо; сп. 2. Авионот се извиши над облаците. 3. Се издига високо, повисоко од околината; сп. се виши 3. Тврдината се извишила над езерото. Сонцето се извишило одвај еден остен. ‖ (се) извишува, (се) извишуваат несв. ‖ глаг. им. извишување ср.