извитка

Глагол, свршен

Значење на извитка:

1. Витка нешто до крај, целосно; сп витка Ги извитка шипките за оградата.

2. Замота многу, претерано; витка 2. Ги извитка чашите во весник да не се скршат.

Коњугација: извиткаат.

Изведени зборови:

  • се ~ извитка, 1. Се свива, се криви. Полиците со книги се извиткале од многу тежина. Русата коса му се извиткала во мали перчиња.
  • (се) извиткува, глаг. несв. (се) извиткуваат

Оригинални податоци:

извитка, извиткаат св. 1. Витка нешто до крај, целосно; сп витка 1. Ги извитка шипките за оградата. 2. Замота многу, претерано; сп. витка 2. Ги извитка чашите во весник да не се скршат. ● се ~ 1. Се свива, се криви. Полиците со книги се извиткале од многу тежина. Русата коса му се извиткала во мали перчиња. ‖ (се) извиткува, (се) извиткуваат несв.