извива
Значење на извива:
1. За пат, река и сл. ‒ прави кривина, врти од правецот на протегање. Патот извива покрај свиокот на реката. Колоната извива како змија над селото.
2. За глас, мелодија ‒ прави извивки, варирање на тонската линија. Извива со гајдата. Зурлите извиваат некаква дива планинска песна.
3. За нешто што може да прави извиви. Димот извива од оџаците. Танчерките занесно ги извиваат своите тела. Ветрот ги извива грмушките крај патот.
Коњугација: извиваат.
Изведени зборови:
- извивање, глаг. им. ср.
- се ~ извива, 1. Патот се извива како змија нагоре кон селото. 2. За глас, мелодија. 3. За човек ‒ Играорката се извива по тактот на музиката. 4. За пламен, дим ‒ Пламените јазици се извиваа нагоре кон небото. 5. За растение ‒ Гранките на сливата се извива до земја од силниот ветер.
Оригинални податоци:
извива, извиваат несв. 1. За пат, река и сл. ‒ прави кривина, врти од правецот на протегање. Патот извива покрај свиокот на реката. Колоната извива како змија над селото. 2. За глас, мелодија ‒ прави извивки, варирање на тонската линија. Извива со гајдата. Зурлите извиваат некаква дива планинска песна. 3. За нешто што може да прави извиви. Димот извива од оџаците. Танчерките занесно ги извиваат своите тела. Ветрот ги извива грмушките крај патот. ● се ~ 1. Патот се извива како змија нагоре кон селото. 2. За глас, мелодија. 3. За човек ‒ Играорката се извива по тактот на музиката. 4. За пламен, дим ‒ Пламените јазици се извиваа нагоре кон небото. 5. За растение ‒ Гранките на сливата се извива до земја од силниот ветер. ‖ глаг. им. извивање ср.