извлече

Глагол, свршен

Значење на извлече:

1. а) Со влечење извади, изнесе од некаде. Спасувачите го извлекоа возачот од запалениот автомобил. Војниците го извлекоа чамецот на брегот. Девојката го извлече шамивчето од чантата. б) Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре. Убиениот го извлекоа од бездната. Коњот го извлече товарот на височинката.

2. (прен.) Спаси, оттргне, повлече од борбена позиција, од игра, од незгода и сл. Успеа да го извлече од борбите. Таа ме извлече од тешката ситуација.

3. а) Истрга, ишмука. Еден човек го извлече со уста отровот од укасаното место на ногата. б) Постигне, стекне корист, заработка. Тој извлече корист за себе од таа зделка.

4. Дојде до нешто врз основа на одредени појави, податоци, изведе заклучок. Таа извлече поука од несреќата што ја снајде. Извлече заклучок.

5. Измами, изнуди парична средства или друга материјална корист. Таа извлече пари од стариот.

6. Добие на лотарија или друг вид игри на среќа. Тој ја извлече првата награда.

7. Нацрта, повлече линија со влечење на приборот за пишување или цртање; влече 7. Извлече тенки линии со рапитографот.

8. Произведе тон на музички инструмент. Умееше да извлече најфини тонови од пијаното.

Коњугација: извлекле , извлекоа , извлеков , извлекол , извлечат , извлечен, извлечете , извлечи , (ќе) извлечеа , (ќе) извлечев , (ќе) извлечел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) извлекува, (се) извлекуваат / (се) извлечува, (се) извлечуваат
  • (се) извлечува, (се) извлечуваат VERB_INF
  • извлекување, глаг. им. ср. извлекување / извлечување
  • се ~ извлече, 1. Излезе од негде влечејќи се. Се извлече од ровот влечејќи се на лакти. Мечката се извлече од една дупка. 2. Се спаси, се повлече од борбена позиција, од некоја тешкотија. Жените и децата едвај се извлекоа од селото. Се извлече од сиромаштијата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го извлече подебелиот крај ‒ претрпи, поднесе ќотек, казна и сл.

Оригинални податоци:

извлече, извлечат; извлечи, извлечете; извлеков, извлекоа; извлекол, извлекле; (ќе) извлечев, (ќе) извлечеа; (ќе) извлечел; извлечен св. 1. а) Со влечење извади, изнесе од некаде. Спасувачите го извлекоа возачот од запалениот автомобил. Војниците го извлекоа чамецот на брегот. Девојката го извлече шамивчето од чантата. б) Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре. Убиениот го извлекоа од бездната. Коњот го извлече товарот на височинката. 2. (прен.) Спаси, оттргне, повлече од борбена позиција, од игра, од незгода и сл. Успеа да го извлече од борбите. Таа ме извлече од тешката ситуација. 3. а) Истрга, ишмука. Еден човек го извлече со уста отровот од укасаното место на ногата. б) Постигне, стекне корист, заработка. Тој извлече корист за себе од таа зделка. 4. Дојде до нешто врз основа на одредени појави, податоци, изведе заклучок. Таа извлече поука од несреќата што ја снајде. Извлече заклучок. 5. Измами, изнуди парична средства или друга материјална корист. Таа извлече пари од стариот. 6. Добие на лотарија или друг вид игри на среќа. Тој ја извлече првата награда. 7. Нацрта, повлече линија со влечење на приборот за пишување или цртање; сп. влече 7. Извлече тенки линии со рапитографот. 8. Произведе тон на музички инструмент. Умееше да извлече најфини тонови од пијаното. ● се ~ 1. Излезе од негде влечејќи се. Се извлече од ровот влечејќи се на лакти. Мечката се извлече од една дупка. 2. Се спаси, се повлече од борбена позиција, од некоја тешкотија. Жените и децата едвај се извлекоа од селото. Се извлече од сиромаштијата. ◊ Го извлече подебелиот крај ‒ претрпи, поднесе ќотек, казна и сл. ‖ (се) извлекува, (се) извлекуваат / (се) извлечува, (се) извлечуваат несв. ‖ глаг. им. извлекување / извлечување ср.