извор
Значење на извор:
1. Место од каде што извира вода, нафта и сл. На изворот ручавме и се напивме вода. Изворот на реката се наоѓа горе во планината. Тука има многу извори на минерална вода.
2. Место, тело, апарат и сл. од каде излегува некаква енергија: топлотна, светлосна и сл. Светлосен извор. Извор на топлина.
3. (прен.) Основа, причина за некоја појава. Неработењето е извор на сите несреќи. Изворот на заразата. Извор на среќа.
4. Документ, творба од која се зема материјал за научни и други проучувања. Историски извори. Литературни извори. Етнографски извори.
Множина: извори.
Изведени зборови:
- изворец, и. ср. (само едн.) , изворче, дем. кон зн. 1 и 2.
- изворски, прид. изворскиот Што се однесува на извор. Изворска вода.
Фразеолошки израз / поговорка:
На изворот ‒ на вистинското место.
Оригинални податоци:
извор, мн. извори м. 1. Место од каде што извира вода, нафта и сл. На изворот ручавме и се напивме вода. Изворот на реката се наоѓа горе во планината. Тука има многу извори на минерална вода. 2. Место, тело, апарат и сл. од каде излегува некаква енергија: топлотна, светлосна и сл. Светлосен извор. Извор на топлина. 3. (прен.) Основа, причина за некоја појава. Неработењето е извор на сите несреќи. Изворот на заразата. Извор на среќа. 4. Документ, творба од која се зема материјал за научни и други проучувања. Историски извори. Литературни извори. Етнографски извори. ◊ На изворот ‒ на вистинското место. ‖ изворец (само едн.) ср., изворче, мн. изворчиња ср. дем. кон зн. 1 и 2. ‖ изворски, изворскиот прид. Што се однесува на извор. Изворска вода.