извршен
Значење на извршен:
1. Што е овластен да извршува, да спроведува закони, прописи на кои е заснована државата, или некаква организација. Извршен совет. Извршна власт.
2. Што ја поминал целата правна процедура, што достасал за извршување, правосилен. Извршно решение.
Членувана форма: извршниот.
Изведени зборови:
- извршност, и. ж.
Оригинални податоци:
извршен, извршниот прид. 1. Што е овластен да извршува, да спроведува закони, прописи на кои е заснована државата, или некаква организација. Извршен совет. Извршна власт. 2. Што ја поминал целата правна процедура, што достасал за извршување, правосилен. Извршно решение. ‖ извршност ж.