изврши

Глагол, свршен

Значење на изврши:

1. Направи, заврши ‒ во ред споеви, во кои дејствието го добива значењето на именката. Изврши наредба. Изврши класификација на материјалот. Конкурсната комисија го изврши изборот за директор. Убиствата ги извршил еден човек. Изврши контрола.

2. Спроведе, оствари. Казната ја изврши посебен одред.

Коњугација: извршат.

Изведени зборови:

  • извршување, глаг. им. ср.
  • се ~ изврши, Се оствари, се исполни. Сонот се изврши уште истиот ден.
  • (се) извршува, глаг. несв. (се) извршуваат

Оригинални податоци:

изврши, извршат св. 1. Направи, заврши ‒ во ред споеви, во кои дејствието го добива значењето на именката. Изврши наредба. Изврши класификација на материјалот. Конкурсната комисија го изврши изборот за директор. Убиствата ги извршил еден човек. Изврши контрола. 2. Спроведе, оствари. Казната ја изврши посебен одред. ● се ~ Се оствари, се исполни. Сонот се изврши уште истиот ден. ‖ (се) извршува, (се) извршуваат несв. ‖ глаг. им. извршување ср.