изврти
Значење на изврти:
1. Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна. Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето. Тој ги изврте и ги разгледа сите фотографии што беа на масата.
2. а) Сврти од нормалната положба во еден или друг правец; врти 3. а). Полицаецот му ја изврти раката на момчето. Тој ја изврте главата за да го избегне ударот. б) Преврти на обратната страна; 3. б). Ги изврте џебовите. Ги изврте јагнешките цревца за да ги измие.
3. Обиколи, направи кружно движење, повеќе пати. Песот изврти околу нас неколку пати. Рингишпилот така ме изврти што кога се симнав, не знаев каде се наоѓам.
4. Со вртење на некаква алатка и сл., направи дупки, издупи, извади нешто. Со ножот ги изврте семките од пиперките.
5. Изопачи, искриви факт, смисла; врти 8. Новинарите ги извртеле моите зборови.
Коњугација: извртат.
Изведени зборови:
- извртување, глаг. им. ср.
- се ~ изврти, 1. Се сврти околу нешто; сп. се врти 1. Сите се извртеа околу црквата двапати со иконата пред нив. 2. Се насочи на некоја страна, се сврти менувајќи ја првобитната положба; сп. се врти 2. Сончогледите се извртеле накај сонцето. Се изврте на грб. Тој се изврте на една страна и дури тогаш успеа да го види лицето на другиот во собата. 3. Се измести од нормална положба, се искриви. На сонцето долгите мешунки се извртеа и се отворија. 4. (прен.) Се нафрли на некого со зборови или со удари. Му се изврте по грб со стапот на крадецот. 5. (прен.) Паѓа од високо со вртење. Девојката се извртела од високиот чардак.
- (се) извртува, глаг. несв. (се) извртуваат
Оригинални податоци:
изврти, извртат св. 1. Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна. Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето. Тој ги изврте и ги разгледа сите фотографии што беа на масата. 2. а) Сврти од нормалната положба во еден или друг правец; сп. врти 3. а). Полицаецот му ја изврти раката на момчето. Тој ја изврте главата за да го избегне ударот. б) Преврти на обратната страна; сп. 3. б). Ги изврте џебовите. Ги изврте јагнешките цревца за да ги измие. 3. Обиколи, направи кружно движење, повеќе пати. Песот изврти околу нас неколку пати. Рингишпилот така ме изврти што кога се симнав, не знаев каде се наоѓам. 4. Со вртење на некаква алатка и сл., направи дупки, издупи, извади нешто. Со ножот ги изврте семките од пиперките. 5. Изопачи, искриви факт, смисла; сп. врти 8. Новинарите ги извртеле моите зборови. ● се ~ 1. Се сврти околу нешто; сп. се врти 1. Сите се извртеа околу црквата двапати со иконата пред нив. 2. Се насочи на некоја страна, се сврти менувајќи ја првобитната положба; сп. се врти 2. Сончогледите се извртеле накај сонцето. Се изврте на грб. Тој се изврте на една страна и дури тогаш успеа да го види лицето на другиот во собата. 3. Се измести од нормална положба, се искриви. На сонцето долгите мешунки се извртеа и се отворија. 4. (прен.) Се нафрли на некого со зборови или со удари. Му се изврте по грб со стапот на крадецот. 5. (прен.) Паѓа од високо со вртење. Девојката се извртела од високиот чардак. ‖ (се) извртува, (се) извртуваат несв. ‖ глаг. им. извртување ср.