јабана
Архаизам.
Само во еднина.
Значење на јабана:
Туѓина, странство. Замина на јабана. Се врати од јабана. Туѓина ‒ јабана.Фразеолошки израз / поговорка:
Отиде јабана ‒ За материјална добивка ‒ се изгуби во неповрат, попусто. Ми се истури млекото, отиде јабана.
Оригинални податоци:
јабана, (само едн.) ж. (арх.) Туѓина, странство. Замина на јабана. Се врати од јабана. Туѓина ‒ јабана. ◊ Отиде јабана ‒ За материјална добивка ‒ се изгуби во неповрат, попусто. Ми се истури млекото, отиде јабана.