јаболко

Именка, среден род

Значење на јаболко:

1. (бот.) Плод од јаболкница. Сочно јаболко. Кисело јаболко. Зелени јаболка.

2. Поиздадена 'рскавица од гркланот на предниот дел од вратот кај маж.

3. Поиздаден дел од лицето, под очите. Девојка со вцрвени јаболка на образите.

4. (прен.) Тоа што по своја форма личи на јаболко. Железно јаболко.

Множина: јаболка.

Изведени зборови:

  • јаболче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Адамово јаболко ‒ в. јаболко 2. Забрането јаболко ‒ нешто што не е дозволено и поради тоа е привлечно. Јаболко на раздорот ‒ предмет на некаков конфликт. Му падна златно јаболко в рака ‒ се ожени за убава и добра девојка. Очно јаболко ‒ анатомски назив за окото (bulbus oculi). Црвливо јаболко ‒ нешто што нема здрава основа. Јапонско јаболко ‒ суптропско овошно дрво со портокалово-црвени плодови со сјајна и мазна лушпа и со сочно портокалово месо; Diospyros kaki.

Оригинални податоци:

јаболко, мн. јаболка ср. 1. (бот.) Плод од јаболкница. Сочно јаболко. Кисело јаболко. Зелени јаболка. 2. Поиздадена 'рскавица од гркланот на предниот дел од вратот кај маж. 3. Поиздаден дел од лицето, под очите. Девојка со вцрвени јаболка на образите. 4. (прен.) Тоа што по своја форма личи на јаболко. Железно јаболко. ◊ Адамово јаболко ‒ в. јаболко 2. Забрането јаболко ‒ нешто што не е дозволено и поради тоа е привлечно. Јаболко на раздорот ‒ предмет на некаков конфликт. Му падна златно јаболко в рака ‒ се ожени за убава и добра девојка. Очно јаболко ‒ анатомски назив за окото (bulbus oculi). Црвливо јаболко ‒ нешто што нема здрава основа. Јапонско јаболко ‒ суптропско овошно дрво со портокалово-црвени плодови со сјајна и мазна лушпа и со сочно портокалово месо; Diospyros kaki. ‖ јаболче, мн. јаболчиња ср. дем. и хип.