јачи

Глагол, несвршен

Значење на јачи:

1. Лелека, офка, испушта гласови како израз на болка. Тој стенкаше и јачеше сè повеќе. Ранетите јачеа и бладаа во сонот.

2. Одекнува. Јачеа камбаните на црквите. Јачеше ѕвончето.

Коњугација: јачат.

Изведени зборови:

  • јачење, глаг. им. ср. јачење Од другата соба се слушаше јачење.

Оригинални податоци:

јачи, јачат несв. 1. Лелека, офка, испушта гласови како израз на болка. Тој стенкаше и јачеше сè повеќе. Ранетите јачеа и бладаа во сонот. 2. Одекнува. Јачеа камбаните на црквите. Јачеше ѕвончето. ‖ глаг. им. јачење ср. Од другата соба се слушаше јачење.