јаде
Значење на јаде:
1. Внесува храна во организмот, се храни. Тие јадеа и молчеа. Тука добро се јадело и се пиело. Волкот ги јаде јагнињата.
2. Нагризува, уништува. 'Рѓата го јаде железото. Влагата го јаде дрвото. Молци го јаделе ќебето.
3. (прен.) Измачува, нервира, создава грижи, јадови, маки. Него жената го јаде, никој друг. Ми ја јаде душата. Самотијата го јаде човекот.
4. (прен.) Троши, скусува, одзема. Друг ни го јаде бериќетот. Го јаде наследството од татко му.
5. Каса, боде предизвикувајќи јадеж. Вошки го јадат. Кучето го јадат болви.
6. безл. Чеша, предизвикува јадеж. Го јаде целото тело. Го јаде грбот.
7. (прен.) Трпи, претрпи. Вчера го јадев срамот. Ја јадевме горештината залудно.
Коњугација: јадат , јадеа , јадев , јадејќи , јадел , јаден , јадете , јади , јадоа , јадов , јал.
Изведени зборови:
- јадење, глаг. им. ср.
- се ~ јаде, безл. Чувствува глад, гладен е. Беше изморен и му се јадеше. Му се јадеше тазе лепче. 2. Се јадосува, се лути во себе. Се јадеше самиот себеси. 3. (само мн.) Заемно се зајадуваат, се караат со некого. Тие постојано се јадат, а не можат еден без друг.
Фразеолошки израз / поговорка:
Волкот да те јаде ‒ клетва. Го јаде десна/лева рака ‒ ќе зема/ќе дава пари. Го јаде јанѕа (црвот) ‒ го измачува нешто внатрешно. Го јаде носот ‒ ќе се кара со некого. Има уште многу фурни леб да јаде ‒ уште е незрел, недораснат за некоја работа. Јадел од кокошка нога ‒ не знае да чува тајна, веднаш ќе разгласи. Јаде (сто оки) ќотек / јаде шлаканици ‒ добива ќотек. Јаде што надробил ‒ ги поднесува последиците од своите постапки. Јал не јал три и пол ‒ нема избор, како и да постапи, резултатот ќе биде ист. Најубавите круши свињите ги јадат ‒ најдоброто го добива тој што не го заслужил. Не се знае кој јаде, кој пие ‒ хаотична ситуација. Ни јаде ни пие ‒ за предмет, не бара никаква грижа, не прави трошок. Ни лук јал ни на лук мирисал ‒ 1. Не се меша во некоја работа. 2. Се прави наивен, се прави дека не знае што се случува. Ништо живо не го јаде ‒ не вреди за ништо. Се чеша кај што не го јаде ‒ сам си предизвикува непријатни ситуации. Жив се јаде ‒ многу се нервира, пука од грижи, од мака. Му се јаде зборот ‒ го слушаат. (Не) се јаде ‒ (не) се поднесува. Сè што лета, не се јаде - не е сè така како што изгледа на прв поглед.
Оригинални податоци:
јаде, јадат; јади, јадете; јадев, јадеа; јадел; јаден, јадејќи; јадов, јадоа; јал несв. 1. Внесува храна во организмот, се храни. Тие јадеа и молчеа. Тука добро се јадело и се пиело. Волкот ги јаде јагнињата. 2. Нагризува, уништува. 'Рѓата го јаде железото. Влагата го јаде дрвото. Молци го јаделе ќебето. 3. (прен.) Измачува, нервира, создава грижи, јадови, маки. Него жената го јаде, никој друг. Ми ја јаде душата. Самотијата го јаде човекот. 4. (прен.) Троши, скусува, одзема. Друг ни го јаде бериќетот. Го јаде наследството од татко му. 5. Каса, боде предизвикувајќи јадеж. Вошки го јадат. Кучето го јадат болви. 6. безл. Чеша, предизвикува јадеж. Го јаде целото тело. Го јаде грбот. 7. (прен.) Трпи, претрпи. Вчера го јадев срамот. Ја јадевме горештината залудно. ●се ~ 1. ми (ти, му...) се ~ безл. Чувствува глад, гладен е. Беше изморен и му се јадеше. Му се јадеше тазе лепче. 2. Се јадосува, се лути во себе. Се јадеше самиот себеси. 3. (само мн.) Заемно се зајадуваат, се караат со некого. Тие постојано се јадат, а не можат еден без друг. ◊ Волкот да те јаде ‒ клетва. Го јаде десна/лева рака ‒ ќе зема/ќе дава пари. Го јаде јанѕа (црвот) ‒ го измачува нешто внатрешно. Го јаде носот ‒ ќе се кара со некого. Има уште многу фурни леб да јаде ‒ уште е незрел, недораснат за некоја работа. Јадел од кокошка нога ‒ не знае да чува тајна, веднаш ќе разгласи. Јаде (сто оки) ќотек / јаде шлаканици ‒ добива ќотек. Јаде што надробил ‒ ги поднесува последиците од своите постапки. Јал не јал три и пол ‒ нема избор, како и да постапи, резултатот ќе биде ист. Најубавите круши свињите ги јадат ‒ најдоброто го добива тој што не го заслужил. Не се знае кој јаде, кој пие ‒ хаотична ситуација. Ни јаде ни пие ‒ за предмет, не бара никаква грижа, не прави трошок. Ни лук јал ни на лук мирисал ‒ 1. Не се меша во некоја работа. 2. Се прави наивен, се прави дека не знае што се случува. Ништо живо не го јаде ‒ не вреди за ништо. Се чеша кај што не го јаде ‒ сам си предизвикува непријатни ситуации. Жив се јаде ‒ многу се нервира, пука од грижи, од мака. Му се јаде зборот ‒ го слушаат. (Не) се јаде ‒ (не) се поднесува. Сè што лета, не се јаде - не е сè така како што изгледа на прв поглед. ‖ глаг. им. јадење ср.