јадец
Само во еднина.
Значење на јадец:
1. Чепореста коска кај птиците, под гушата, настаната од двете сраснати клучни коски. Тој секогаш го бараше јадецот од печената кокошка.
2. Вид игра, облог со кршење на јадецот во која тој што ќе надлаже другиот победува и извикува јадец! Викаше колку што го држи гласот: јадец! 3. (прен.) Празно, шупливо, безвредно.
Оригинални податоци:
јадец (само едн.) м. 1. Чепореста коска кај птиците, под гушата, настаната од двете сраснати клучни коски. Тој секогаш го бараше јадецот од печената кокошка. 2. Вид игра, облог со кршење на јадецот во која тој што ќе надлаже другиот победува и извикува јадец! Викаше колку што го држи гласот: јадец! 3. (прен.) Празно, шупливо, безвредно.