јаден
Значење на јаден:
1. Кутар, тажен, жален. Ја бараше болната вистина за овој трошен и јаден човечки век.
2. Што е во лоша состојба, неугледен. Повторно се најде во она јадно лозјенце.
3. (ретко, арх.) Исполнет со јад; јадосан. Му назборувала тешки, јадни зборови.
Членувана форма: јадниот.
Изведени зборови:
- јадно, прил. 1. Тажно, жално. Таа јадно гледаше во него. 2. Лошо, неугледно. Тој изгледаше јадно.
Оригинални податоци:
јаден, јадниот прид. 1. Кутар, тажен, жален. Ја бараше болната вистина за овој трошен и јаден човечки век. 2. Што е во лоша состојба, неугледен. Повторно се најде во она јадно лозјенце. 3. (ретко, арх.) Исполнет со јад; сп. јадосан. Му назборувала тешки, јадни зборови. ‖ јадно прил. 1. Тажно, жално. Таа јадно гледаше во него. 2. Лошо, неугледно. Тој изгледаше јадно.