јадица
Значење на јадица:
1. Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв. Црвчето висеше на јадицата.
2. (прен.) Дел од риболовна опрема, дрвен или пластичен стап на кој се врзува конец со јадица 1.; трска. Отидов да ги видам јадиците. Ја префрли јадицата на рамо и замина.
Множина: јадици.
Изведени зборови:
- јадиче, и. ж. мн. јадичиња ср, јадичка, мн. јадички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се фати на јадица ‒ падна во стапица, се полакоми по нешто, се измами. Фрли јадица ‒ се обиде, се подготвува, настојува да придобие некого за лична полза.
Оригинални податоци:
јадица, мн. јадици ж. 1. Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв. Црвчето висеше на јадицата. 2. (прен.) Дел од риболовна опрема, дрвен или пластичен стап на кој се врзува конец со јадица 1.; сп. трска. Отидов да ги видам јадиците. Ја префрли јадицата на рамо и замина. ◊ Се фати на јадица ‒ падна во стапица, се полакоми по нешто, се измами. Фрли јадица ‒ се обиде, се подготвува, настојува да придобие некого за лична полза. ‖ јадиче, мн. јадичиња ср, јадичка, мн. јадички ж. дем.