јагленар

Именка, машки род

Значење на јагленар:

Тој што прави и / или што продава јаглен. Јагленарите работеа до доцна.

Множина: јагленари.

Изведени зборови:

  • јагленарка, и. ж. 1. Жена на јагленар. 2. Лисица со боја на јаглен.
  • јагленарски, прид. јагленарскиот Јагленарска колиба.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кога стана јагленар, кога му поцрне вратот ‒ многу брзо напредува, многу брзо прави некои работи.

Оригинални податоци:

јагленар, мн. јагленари м. Тој што прави и / или што продава јаглен. Јагленарите работеа до доцна. ◊ Кога стана јагленар, кога му поцрне вратот ‒ многу брзо напредува, многу брзо прави некои работи. ‖ јагленарка, мн. јагленарки ж. 1. Жена на јагленар. 2. Лисица со боја на јаглен. ‖ јагленарски, јагленарскиот прид. Јагленарска колиба.