јагне
Значење на јагне:
1. (зоол.) Младо од овца. На ливадата трчкаа јагниња.
2. (прен.) Кротко, мирно лице.
Множина: јагниња.
Изведени зборови:
- јагненце, и. ср. мн. јагненца , јагнуле, мн. јагнулиња хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жртвено јагне ‒ невина жртва што служи како пример за заплашување. Кротко јагне од две мајки цица ‒ со добро однесување може да се постигне повеќе. Оди како јагне на клање ‒ не се спротивставува и на најлошото, не дава отпор.
Оригинални податоци:
јагне, мн. јагниња ср. 1. (зоол.) Младо од овца. На ливадата трчкаа јагниња. 2. (прен.) Кротко, мирно лице. ‖ јагненце, мн. јагненца ср., јагнуле, мн. јагнулиња ср. хип. ◊ Жртвено јагне ‒ невина жртва што служи како пример за заплашување. Кротко јагне од две мајки цица ‒ со добро однесување може да се постигне повеќе. Оди како јагне на клање ‒ не се спротивставува и на најлошото, не дава отпор.