јагода

Именка, женски род

Значење на јагода:

1. (бот.) Повеќегодишно овошно растение, ниско и зелјесто, со зелени триделни и назабени листови со долги дршки, со ситни, бели цветови и мали црвени мирисливи и сочни, месести плодови со тркалезна или овална форма и со многу ситни жолти семчиња од надворешната површина; Fragaria. Јагодите веќе цветаа.

2. Плод од тоа растение. Јагодите беа крупни и слатки.

3. (анат., обично мн.) Испакнат дел од лицето под очите, на горниот дел од образот; јаболчица. Издолжено лице со испупчени јаготки.

4. (анат., обично во мн.) Заоблениот дел на прстите од внатрешната страна, врвот на прстите; јаболкце. Тој ги чувствуваше влажните јаготки од нејзините прсти.

Множина: јагоди.

Изведени зборови:

  • јагодичка, и. ж. мн. јагодички , јаготче, мн. јаготчиња ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

На префалени јагоди не оди со голема кошница ‒ кога нешто многу се фали треба да се сфати со резерва. Фалени јагоди, празни кошници ‒ кога за нешто се крева многу врева, често не излегува како што се очекува.

Оригинални податоци:

јагода, мн. јагоди ж. 1. (бот.) Повеќегодишно овошно растение, ниско и зелјесто, со зелени триделни и назабени листови со долги дршки, со ситни, бели цветови и мали црвени мирисливи и сочни, месести плодови со тркалезна или овална форма и со многу ситни жолти семчиња од надворешната површина; Fragaria. Јагодите веќе цветаа. 2. Плод од тоа растение. Јагодите беа крупни и слатки. 3. (анат., обично мн.) Испакнат дел од лицето под очите, на горниот дел од образот; јаболчица. Издолжено лице со испупчени јаготки. 4. (анат., обично во мн.) Заоблениот дел на прстите од внатрешната страна, врвот на прстите; јаболкце. Тој ги чувствуваше влажните јаготки од нејзините прсти. ◊ На префалени јагоди не оди со голема кошница ‒ кога нешто многу се фали треба да се сфати со резерва. Фалени јагоди, празни кошници ‒ кога за нешто се крева многу врева, често не излегува како што се очекува. ‖ јагодичка, мн. јагодички ж., јаготче, мн. јаготчиња ср. дем.