јајце
Значење на јајце:
1. (биол.) Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам; јајце-клетка. Јајчниците содржат ограничен број јајца.
2. (биол.) Расплодна клетка кај птиците, влекачите и водоземците, со големи димензии, со овална форма и цврста лушпа. Несе јајца. Кокошкино јајце. Змиско јајце.
3. (биол.) Кај инсектите и рибите, полова клетка во вид на зрно со различни димензии. Рибини јајца. Мравји јајца.
4. (биол.) Обично од кокошка, како храна. Варено јајце. Јајце на око. Изматено јајце.
5. Предмет со овална форма. Чоколадно јајце. Дрвено јајце.
6. (разг.) Тестис.
Множина: јајца.
Изведени зборови:
- јајценце, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во јајцето влакно бара ‒ ситничар е. Гази како на јајца ‒ оди внимателно, на прсти. Гајгурови јајца ќе добие ‒ ништо нема да добие. Големи јајца ‒ (ирон.) нешто безначајно. Го чува како велигденско/црвено јајце ‒ многу се грижи за некого. И јајце ќе снесе ‒ ќе направи сè за да ја постигне целта. Квачи јајца ‒ ништо не работи. Колумбово јајце ‒ (книж.) Смело, остроумно решение на тежок проблем. Кукавичино јајце ‒ туѓ проблем наметнат некому. Му дојде јајцето на газот ‒ крајно време е некој да направи нешто. На јајцето уште коко му вика ‒ уште е млад и неискусен. Си личат како јајце на јајце ‒ многу се слични. Удри јајца на масло ‒ почна да троши многу.
Оригинални податоци:
јајце, мн. јајца ср. 1. (биол.) Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам; јајце-клетка. Јајчниците содржат ограничен број јајца. 2. (биол.) Расплодна клетка кај птиците, влекачите и водоземците, со големи димензии, со овална форма и цврста лушпа. Несе јајца. Кокошкино јајце. Змиско јајце. 3. (биол.) Кај инсектите и рибите, полова клетка во вид на зрно со различни димензии. Рибини јајца. Мравји јајца. 4. (биол.) Обично од кокошка, како храна. Варено јајце. Јајце на око. Изматено јајце. 5. Предмет со овална форма. Чоколадно јајце. Дрвено јајце. 6. (разг.) Тестис. ◊ Во јајцето влакно бара ‒ ситничар е. Гази како на јајца ‒ оди внимателно, на прсти. Гајгурови јајца ќе добие ‒ ништо нема да добие. Големи јајца ‒ (ирон.) нешто безначајно. Го чува како велигденско/црвено јајце ‒ многу се грижи за некого. И јајце ќе снесе ‒ ќе направи сè за да ја постигне целта. Квачи јајца ‒ ништо не работи. Колумбово јајце ‒ (книж.) Смело, остроумно решение на тежок проблем. Кукавичино јајце ‒ туѓ проблем наметнат некому. Му дојде јајцето на газот ‒ крајно време е некој да направи нешто. На јајцето уште коко му вика ‒ уште е млад и неискусен. Си личат како јајце на јајце ‒ многу се слични. Удри јајца на масло ‒ почна да троши многу. ‖ јајценце, мн. јајценца ср. дем.