јак
Значење на јак:
1. Што има голема сила и енергија, силен, добро развиен. Јаки и длабоки корени. Тој е многу јак.
2. Што е траен, издржлив; цврст. Јако платно. Јаки јажиња.
3. Што е добро вооружен, тешко совладлив. Јака армија. Јако утврдување.
4. Што е духовно силен, цврст, непоколеблив. Јак е тој, ќе издржи.
5. а) Што има голема моќ, власт, авторитет, што има влијание врз случувањата од разни сфери на животот. Јака компанија. Јака фирма. Јак издавач. б) Значаен, релевантен. Јаки докази. в) Што има голема сила, јачина. Јак мотор.
6. а) Што содржи голем процент од нешто, што дејствува силно. Јака ракија. Јаки цигари. Јак отров. б) Што е остар, продорен. Јаки бои. Јак мирис.
7. Што е силен по начинот на кој се пројавува, по интензитетот. Јака настинка.
Членувана форма: јакиот.
Алтернативно: најјак
Изведени зборови:
- јако, прил. најјако Силно, енергично. Јако му ја стегна раката.
Фразеолошки израз / поговорка:
Јака ти душа ‒ израз што се упатува некому кога му претстои некоја тешкотија.
Оригинални податоци:
јак, јакиот, најјак прид. 1. Што има голема сила и енергија, силен, добро развиен. Јаки и длабоки корени. Тој е многу јак. 2. Што е траен, издржлив; цврст. Јако платно. Јаки јажиња. 3. Што е добро вооружен, тешко совладлив. Јака армија. Јако утврдување. 4. Што е духовно силен, цврст, непоколеблив. Јак е тој, ќе издржи. 5. а) Што има голема моќ, власт, авторитет, што има влијание врз случувањата од разни сфери на животот. Јака компанија. Јака фирма. Јак издавач. б) Значаен, релевантен. Јаки докази. в) Што има голема сила, јачина. Јак мотор. 6. а) Што содржи голем процент од нешто, што дејствува силно. Јака ракија. Јаки цигари. Јак отров. б) Што е остар, продорен. Јаки бои. Јак мирис. 7. Што е силен по начинот на кој се пројавува, по интензитетот. Јака настинка. ‖ јако, најјако прил. Силно, енергично. Јако му ја стегна раката. ◊ Јака ти душа ‒ израз што се упатува некому кога му претстои некоја тешкотија.