јама

Именка, женски род

Значење на јама:

1. Длабока дупка ископана во земја. Тој се криеше во јамата.

2. Рударско окно. Ги уништија рудничките постројки и јами. Рударите од попладневната смена влегоа во јамата

Множина: јами.

Изведени зборови:

  • јамиче, и. ж. мн. јамичиња ср., јамичка, мн. јамички дем.
  • јамиште, и. ср. аугм.
  • јамски, прид. јамскиот Што се однесува на јама 2. Јамски работник.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кој на друг му копа јама, сам паѓа во неа. (посл.) Му копа јама ‒ му готви нешто лошо. Септичка јама ‒ голема дупка во која се собира гнилеж и служи наместо канализација.

Оригинални податоци:

јама, мн. јами ж. 1. Длабока дупка ископана во земја. Тој се криеше во јамата. 2. Рударско окно. Ги уништија рудничките постројки и јами. Рударите од попладневната смена влегоа во јамата ◊ Кој на друг му копа јама, сам паѓа во неа. (посл.) Му копа јама ‒ му готви нешто лошо. Септичка јама ‒ голема дупка во која се собира гнилеж и служи наместо канализација. ‖ јамиче, мн. јамичиња ср., јамичка, мн. јамички ж. дем. ‖ јамиште, мн. јамишта ср. аугм. ‖ јамски, јамскиот прид. Што се однесува на јама 2. Јамски работник.