јамка
Значење на јамка:
Заврзан крај од јаже или жица со кој може нешто да се стегне. Му требаа јамки за коњите. Децата правеа јамки и фаќаа врапци. На дрвото висеше змија како јамка од бесилка.Множина: јамки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му виси јамката над вратот ‒ се наоѓа во голема опасност. Му ја врза јамката околу вратот ‒ го доведе во безизлезна ситуација.
Оригинални податоци:
јамка, мн. јамки ж. Заврзан крај од јаже или жица со кој може нешто да се стегне. Му требаа јамки за коњите. Децата правеа јамки и фаќаа врапци. На дрвото висеше змија како јамка од бесилка. ◊ Му виси јамката над вратот ‒ се наоѓа во голема опасност. Му ја врза јамката околу вратот ‒ го доведе во безизлезна ситуација.