јарем

Именка, машки род

Значење на јарем:

1. Дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање.

2. (прен.) Ропство. Народот се измолкна од долговековниот јарем.

Множина: јареми.

Фразеолошки израз / поговорка:

Влече јарем ‒ се занимава со многу тешка работа. Го впрегна во јарем. Му стави јарем на вратот ‒ 1. Го присили да врши некоја тешка работа. 2. Го зароби/пороби. Го симна јаремот ‒ се ослободи од ропството, се спаси од некоја тешка работа.

Оригинални податоци:

јарем, мн. јареми м. 1. Дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање. 2. (прен.) Ропство. Народот се измолкна од долговековниот јарем. ◊ Влече јарем ‒ се занимава со многу тешка работа. Го впрегна во јарем. Му стави јарем на вратот ‒ 1. Го присили да врши некоја тешка работа. 2. Го зароби/пороби. Го симна јаремот ‒ се ослободи од ропството, се спаси од некоја тешка работа.